Не пропуштајте: на каналот синестар тв 1 почнува неделата на оскарите

Најгламурозната филмска ревија на каналот Синестар ТВ 1, во периодот од 19. до 25. април, донесува филмови номинирани и наградени со Оскар, што ќе биде одлична подготовка за годинешното доделување и за најголемиот настан во филмската индустрија.

 

 

Како што наближува најпрестижното доделување на филмските награди, кое за првпат во историјата се одржува со толку доцен датум, така расте и возбудата во пресрет на гламурозната ноќ во која златните статуетки ќе ги однесат најдобрите од најдобрите. Ноќта од недела кон понеделник, на 26. март, се одржува 93. по ред доделување на Оскарите, а во пресрет на доделувањето, каналите Синестар ТВ подготвија недела на Оскарите на својот најгледан канал, Синестар ТВ 1. Во рамки на неделата на Оскарите, секој ден во вечерниот термин ќе можете да погледнете по еден од врвните наслови кои беа номинирани или наградени со престижното признание во последните години.

 

ЕВЕ ШТО НЕ СМЕЕТЕ ДА ПРОПУШТИТЕ НА СИНЕСТАР ТВ 1 ВО НЕДЕЛАТА НА ОСКАРИТЕ:

 

SILVER LININGS PLAYBOOK (ВО ДОБРО И ВО ЗЛО)

ПОНЕДЕЛНИК, 19. АПРИЛ во 21:10

Оваа романтична комедија-драма ѝ го обезбеди на Џенифер Лоренс првиот Оскар за најдобра улога, а филмот беше номиниран во дури 8 категории, вклучувајќи ги номинациите за најдобар филм, најдобра машка главна улога (Бредли Купер), најдобра женска споредна улога (Џеки Вивер) и за најдобра машка споредна улога (Роберт де Ниро).

 

IMITATION GAME (ИГРА НА ИМИТИРАЊЕ)

ВТОРНИК, 20. АПРИЛ во 21:10

Историската драма Игра на имитирање исто така доби номинации во 8 категории, меѓу кои оние за најдобра машка главна улога (Бенедикт Камбербеч), најдобар филм, најдобра споредна женска улога (Кира Најтли) и за најдобар режисер, а го освои Оскарот за најдобро адаптирано сценарио. Филмот е снимен според вистинитата приказна за Алан Туринг, генијалниот британски математичар и информатичар кој во текот на Втората светска војна успеал да го дешифрира комуникацискиот систем што го користеле нацистите за меѓусебна комуникација. Еднакво интригантен бил и неговиот приватен живот, поради што филмот предизвика лавина контроверзии.

 

ZERO DARK THIRTY (00:30 – ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА)

СРЕДА, 21. АПРИЛ во 21:10

Филмот добитник на Оскар на американската режисерка Кетрин Бигелоу, кој ја прикажува потрагата по Осама Бин Ладен и нападот во кој загина, ја одушеви критиката која го прогласи за еден од најдобрите филмови во таа година.

 

LION (ЛАВ)

ЧЕТВРТОК, 22. АПРИЛ во 21:10

Биографска драма на режисерот Гарт Дејвис, снимена според книгата на Сару Браерли: Долг пат до дома, со Дев Пател во главната улога. Во останатите улоги настапуваат Сани Павар, Руни Мара, Дејвид Венам и Никол Кидман. Се работи за вистинитата приказна за петгодишно момче во Индија кое се губи на улиците на Калкута, илјадници километри далеку од дома. Преживува многу нешта за конечно да го посвои семејство од Австралија. Дваесет и пет години подоцна, тој тргнува во потрага по своето изгубено семејство со помош на Google Earth. Филмот доби 6 номинации за Оскар, вклучувајќи ги оние за најдобар филм, за најдобра споредна машка (Пател) и женска улога (Кидман) и за најдобро адаптирано сценарио.

 

LA LA LAND (ЛА ЛА ЛЕНД)

ПЕТОК, 23. АПРИЛ во 21:00

Комедијата Ла Ла Ленд беше номинирана во дури 12 категории, вклучувајќи ги оние за најдобар филм, најдобра главна женска улога (Ема Стоун), најдобра главна машка улога (Рајан Гослинг), за оригинална музика и за сценарио. Освои 6 Оскари. Ова доделување го одбележа еден гаф – Ворен Бити најпрво за најдобар филм го прогласи Ла Ла Ленд, а потоа следеше извинување и објаснување дека водителот прочитал погрешна картичка, па екипата на филмот Ла Ла Ленд мораше да ги врати статуетките.

Во филмот Гослинг игра џез музичар кој се заљубува во актерка во подем (Ема Стоун), по што следи вистинска љубовна романса со заплет.

Дејството на филмот е сместено во Лос Анџелес, со акцент на атмосферата на „златната доба на Холивуд“.

 

JACKIE (ЏЕКИ)

САБОТА, 24. АПРИЛ во 21:00

Биографска приказна за Џеки Кенеди, по убиството на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. По траумата што ја доживува нејзиното семејство, првата дама Жаклина Кенеди се обидува да остане силна, да ја врати вербата, да ги утеши своите деца и да го дефинира историското наследство на својот сопруг. Дејството го следи животот на Џеки Кенеди, од мигот на атентатот врз нејзиниот сопруг и интервјуто што по повод трагичниот настан, го дава за магазинот Лајф, осврнувајќи се на себе, приватно и јавно.

Бројни критичари предвидуваа дека на Натали Портман ѝ се смешка Оскар за оваа улога, па таа и беше номинирана за престижната награда во 2017 година.

 

ROOM (СОБА)

НЕДЕЛА, 25. АПРИЛ во 21:00

 

Драмата Соба беше номинирана за Оскар во 4 категории: најдобра главна женска улога, најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио и најдобар режисер, а Оскар заслужено доби Бри Ларсон. Животот на Ма (Бри Ларсон) и на нејзиниот седумгодишен син Џек (Џејкоб Трамбли) е сè освен обичен – тие се заробени, затворени во мал простор без прозорци од околу 9 метри квадратни, кој Ма еуфемистички го нарекува „соба“. Таа за Џек создала цела вселена внатре во собата, и прави сè за да му овозможи да живее исполнет живот. Но расте љубопитноста на Џек за нивната ситуација, па кога нејзината издржливост ги достигнува границите, тие заедно се впуштаат во ризично бегство кое на крајот ќе ги соочи со она што може да излезе уште пострашно: вистинскиот свет.