ХИТ СЕРИИ ВО ЈУЛИ НА КАНАЛИТЕ СИНЕСТАР ТВ

УТОПИЈА: ВАШЕ СКРИЕНО ЗАДОВОЛСТВО НА CINESTAR TV 1 – Сезона 1 и 2

 

Утопија е серија која е најчудната и најдобрата работа што ќе ја гледате во животот. Следете ја од 5 јули, од понеделник до четврток во вечерниот термин на CineStar TV 1 и нурнете се во драматичните и напнати моменти што ги посакува секој теоретичар на заговор!

Уште од првото прикажување, британската серија Утопија не престанува да крева прашина. Критичарите и љубителите на овој жанр составија пофалби за ова пред сè необично дело, но пошироката јавност набрзо започна да го преплавува Би-Би-Си со поплаки и тужби. Не е ни чудо, бидејќи оваа серија е навистина уметнички живописна, уникатна и графички мошне препознатлива.

 

ГРАФИЧКИ РОМАН, А НЕ СТРИП!

Опишана како драма за теориите на заговор, Утопија раскажува приказна за група поединци кои започнуваат потрага по графички роман (не стрип!) наречен „Експериментите на Утопија“, кој наводно содржи одговори на многу прашања во врска со иднината, вклучително и појавата на неколку разорни епидемии. Откако овој графички роман ќе им дојде во раце, тие стануваат предмет на интерес на една тајна и многу моќна организација „Мрежа“ (The Network), која сака да го има овој материјал во свои раце.

Членовите на Мрежата не се двоумат да употребат какви било средства што ќе им дојдат при рака за да ја добијат Утопија во нивни раце, што многу често вклучува мошне крвави и креативни убиства. Во првата епизода, гледачите ќе можат да откријат што ги поврзува песокот, чили- пиперките, белилото и една обична кафена лажичка, а како дополнителна напнатост ќе можат да го откријат и одговорот на прашањето што постојано се повторува – „Каде е Џесика Хајд?“ и каква улога има тука – зајакот.

 

ПРИЕМ НА КРИТИЧАРИТЕ И ПУБЛИКАТА

По излегувањето на првата епизода од оваа серија од 11 дела, јавноста беше изненадена од одгласот на критиката. Хафингтон пост објави дека Утопија е „едноставно најдобрата телевизиска серија што тие имале можност да ја гледаат“, а ценетиот Гардијан ја опиша како „неверојатно насилна, вулгарна и крвава“. Критичарите на Телеграф изјавија дека се чувствувале многу валкани гледајќи ја Утопија и дека серијата е „вистинско задоволство, иако понекогаш се работи за грешно задоволство“.

Самите гледачи ѝ дадоа оценка 8,4 на IMDb, нагласувајќи дека е „интригантна, напната, вознемирувачка“ и „храбра, брилијантна, оригинална, а сепак многу позната“. Rotten Tomatoes ја украси со дури 100%. И најпосле, таа беше препознаена и од страна на струката, па може да се пофали со меѓународна Еми за најдобра драмска серија.

 

ПОЗНАТИ ЛИЦА ОД БРИТАНСКАТА СЦЕНА

Ако ја следите британската филмска сцена, лесно ќе ги препознаете скоро сите актери од Утопија. Адел Ахтар го игра Вилсон, а на јавноста ѝ е познат по филмовите „Murder Mystery“ и „Dictator“ и по сериите „The Night Manager“, „Les Miserables“ и „Killing Eve“. Вилсон е бубалица кој сака теории на заговор и постојано смислува како да се спаси во случај на каква било трагедија. Тој е горд сопственик на нуклеарно складиште и честопати теоретизира за другата „реалност“ на интернет, сè додека не се вовлече во приказната за Утопија.

Нил Маскел го игра Арби, главниот атентатор на Мрежата, која го одгледала во ладнокрвен убиец без да знае ништо за своето семејство, сè додека не дознае за неговиот татко во Утопија и животот не му се преврти наопаку. Веќе можевте да го гледате Маскел во „Бандата од Бирмингем“ во улога на Черчил, но и во СФ серијата „Луѓе“ како детективот Драмонд. Зад себе има навистина импресивна и богата актерска кариера што ќе ве воодушеви и тука.

Ќе го издвоиме и Алистер Петри, кој го игра Џеф, министерот за здравство кој во својот ресор крие многу повеќе од само интерес за јавното здравство. Петри има импресивен број на филмски и сериски наслови во својата биографија – од „Војна на ѕвездите“, преку култната „Трка на животот“ (Rush), сè до серијата „The Night Manager“ во која повторно соработуваше со Ахтар.

Гледајте ги двете сезони на серијата Утопија на каналот CineStar TV 1 од 5 јули. Ве очекува по една нова епизода секој ден, од понеделник до четврток. Нурнете во светот на теории на заговор, зајаци, интернет, насилни сцени и неверојатни заплети и верувајте ни – нема да останете рамнодушни!

 

 

 

ЛУЃЕ – Дали се баш како нас? – Сезона 3

Каналот CineStar TV Premiere 2 во јули ја донесува третата сезона на фасцинантната серија за новата генерација на луѓе, роботи кои со својот изглед и однесување неверојатно потсетуваат на луѓето и не се разликуваат по ништо од остатокот од човечката раса – освен можеби по очите.

Серијата Луѓе, создадена според фалената шведска серија „Real Humans“, е поставена во паралелна реалност во која домашните роботи, првично наменети само за да им помогнат на луѓето во нештата што не сакаат самите да ги прават, стануваат сè посвесни за своето постоење. Како што можевме да видиме во првата сезона на серијата, номинирана за наградата БАФТА, синтовите почнуваат да се сеќаваат што биле пред да му бидат доделени на одредено семејство и стануваат свесни за својата природа и цел.

Расплетот на дејствието повторно ги врати сите ликови во своевиден статус кво и послужи како подготовка за втората сезона на серијата, која интелигентно поставува разни филозофски, морални и етички прашања коишто се јавуваат при проучувањето на темата на вештачка интелигенција. Серијата „Луѓе“ како преку првата така и преку втората сезона, понуди возбудливо дејствие, одлична глума и многу добро сценарио.

Во третата сезона, една година по будењето на свеста, угнетената популација на Синтови се бори да преживее во свет што ги мрази и се плаши од нив. Кога во заедницата на Синтови ќе почнат да се појавуваат фракции, надежта за стабилност е сериозно загрозена… Додека семејството Синтови: Миа (Џема Чен), Ниска (Емили Берингтон) и Макс (Ајвано Џеремаја) продолжуваат да се борат за правото да преживеат; Џо (Том Гудман-Хил), Лора (Кетрин Паркинсон) и нивните деца Мети (Луси Карлс), Тоби (Тео Стивенсон) и Софи (Пикси Дејвис) се трудат да се помират со катаклизмичките настани од минатата сезона. Третата сезона беше оценета од критичарите на Rotten Tomatoes со неверојатни 100% и оценка од 8,0/10 на IMDB.

 

 

 

ПРОПОВЕДНИК – апсолутно откачено патување преполно со акциска возбуда – Сезона 2

Популарниот „Проповедник“ се враќа со втората сезона на 12.7. во вечерниот термин на каналот CineStar TV Action&Thriller.

Она што започна како стрип од деведесеттите години, прерасна во дрска, богохулна, духовита и заразна серија што никако не смеете да ја пропуштите. Серијата „Проповедник“ (Preacher) претставува адаптација на култниот и, од христијанска гледна точка, богохулен и еретички истоимен стрип од Гарт Енис и Стив Дилон. Приказна за еден проповедник од Тексас, Џеси Кастер, кого еден ден ќе го обземе… нешто натприродно.

„Проповедник“ е апсолутно откачено патување полно со акциска возбуда. Кога Џеси Кастер, проповедник со криминално минато од мал град, ќе сфати дека во рајот го нема Бог, тој тргнува да го пронајде. На патувањето го придружува Тулип, непостојаната вистинска љубов на Џеси и Касиди, 119-годишниот ирски вампир, кој е најдобриот пријател на Џеси. Дружината завршува во Њу Орлеанс каде треба да ги избегнат локалните гангстери, опасните тајни агенти во бели костуми и Светецот убиец, незапирливиот, смртоносен каубој од пеколот.

КАДЕ ЗАСТАНАВМЕ МИНАТИОТ ПАТ?

Нема пожесток почеток од она што го остави „Проповедник“ на крајот на првата сезона. Иако првите 10 епизоди го имаа познатиот ритам на огнено крштевање на оригиналната приказна, тоа беше проштално збогување предизвикано од метан што ефикасно ја расчисти сцената од сите, и неколкуте главни ликови.

И така, „Проповедник“ остана во неизвесна ситуација, таму каде што главниот лик го има најмоќното оружје на кое било ниво на постоење и предводи необична група луѓе на патување/ лов на Бог. Џеси, Тулип и Касиди, шаренолика екипа од поранешни љубовници и поранешни луѓе, го избегнаа тој зол удар со заедничка цел: да го пронајдат Бог, кој исчезна непосредно пред Џеси да ја добие Генеза, натприродна моќ со којашто може да ги присили луѓето кои ќе му се најдат на патот да се потчинат на неговата волја. Затоа што кога ќе го пронајдат Бога, мора да го прашаат нешто.

Вкупно 13 епизоди од втората сезона ќе ве изненадат, ќе откриете нешто ново за вашите омилени ликови или едноставно ќе ве натераат на анализа на морални прашања.

Втората сезона на „Проповедник“ започнува на 12.7. на каналот CineStar TV Action&Thriller, и ќе се прикажува една епизода дневно од понеделник до четврток во вечерниот термин.