КАНАЛИТЕ СИНЕСТАР ТВ ПРЕМИЕР НИ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ НОВИТЕ ФИЛМОВИ КОИ ЕДВАЈ ЧЕКАМЕ ДА ГИ ГЛЕДАМЕ

Погледнете кои возбудливи филмски ТВ премиери нè очекуваат на каналите Синестар ТВ Премиер 1 и Синестар ТВ Премиер 2

 

 

 

Веќе се навикнавме CineStar TV Premiere да ни носи најнови хит филмови и серии. Дали сакате добра комедија, драми инспирирани од вистините настани, напнати хорор приказни или романтични филмови, на CineStar TV Premiere 1 и CineStar TV Premiere 2 ќе најдете филм точно по ваш вкус.

Не ви преостанува ништо друго туку да скокнете по пуканки и чипс кои ќе ја поткренат домашната атмосфера на гледање филм и вистински ќе имате шанса да го соберете на купче целото семејство!

Во продолжение погледнете дел од најинтересните остварувања што ќе бидат на програмата во наредниот период.

 

21 МОСТ е приказна за њујоршкиот детектив (Чедвик Боузман) кој низ целиот град трага по двајца убијци на полицајци. Се работи за интригантна комбинација на спектакл, брза и непрекината акција и епска криминалистичка приказна.

КАПОНЕ – талентираниот Том Харди во улога на најпознатиот американски гангстер.

 

Акциска комедија во која ќе ужива целото семејство – ОТКРИВ ШПИОН. Главните ѕвезди на филмот се Дејв Баутиста како строгиот оперативец на ЦИА, Џеј Џеј, и Клои Колман како 9-годишната Софи, чие семејство Џеј Џеј треба да го заштити.

 

Духовите можат да бидат и духовити во филмот ЕКСТРА ОРДИНАРНО, хорор комедија за целата екипа.

 

Оскаровецот Расел Кроу во експлозивниот психолошки кино хит БЕСЕН, во кој една банална сообраќајна кавга ескалира, а борбата за живот станува немилосрдна и непредвидлива.

 

СÈ УШТЕ ВЕРУВАМ е силна и инспиративна вистинита приказна за музичката ѕвезда Џереми Кемп, за неговото љубовно патување и за неговата загуба. Филмот е снимен според неговата интимна исповест во истоимената книга, во која со читателите ги споделува своите најинтимни животни искуства.

 

БРАМС: МОМЧЕТО 2 е продолжение на филмот Момчето со Кејти Холмс во главната улога. Се работи за неверојатната приказна за кукла, што ја шокираше кино публиката ширум светот. Одлично стилизиран, морничав, неизвесен и вознемирувачки хорор филм каков одамна не сме гледале.

 

Големиот кино хит ПОСЛЕ СÈ: СУДИР е продолжение на успешниот серијал за безграничната љубов и страст на двајца млади, снимен според бестселерот на писателката Ана Тод, а кој беше прогласен за глобална сензација какви што беа Сага: Самрак и еротско-романтичната трилогија Педесет нијанси: Сиво.

 

АНТЕБЕЛУМ е мистериозен хорор трилер на продуцентот на успешните хитови Get Out и US, а револуционерните режисери Џерард Буш и Кристофер Ренц, познати под уметничкото име Буш + Ренц, ни носат нов возбудлив стил во филмското творештво.