Третата сезона на британската крими серија Бродчрч наскоро на каналот CineStar TV Action&Thriller

Бродчрч, една од најпопуларните крими серии, ќе се емитува од понеделник до четврток во вечерните термини на каналот CineStar TV Action&Thriller, почнувајќи од 19. април.
 

Британците навистина знаат да направат напната и стегната криминалистичка серија, што се потврди и со светскиот успех на наградуваната серија Бродчрч, чија трета сезона почнува од понеделник, 19. април, во вечерните термини на каналот CineStar TV Action&Thriller.

Третата и последна сезона на оваа фалена британска мини серија е сместена три години по случувањата во втората сезона. Низ осум епизоди го следиме случајот на сексуален напад врз локална жителка на роденденската прослава на нејзин пријател во измислениот, живописен град Бродчрч во Дорсет, Англија. Ѕвездите на серијата – Дејвид Тенант, Оливија Колман и Џоди Витекер, се враќаат во своите улоги и во оваа последна сезона. Интересно е што Бродчрч успеа да ги собере актерите кои им се добро познати на оние кои активно ја следат британската ТВ сцена. На публиката сигурно ќе ѝ се допадне и динамиката помеѓу Дејвид Тенант и Џоди Витекер, кои претходно веќе се имаат сретнато во популарниот Doctor Who.

Оваа напната и возбудлива детективска серија многу бргу се најде на списокот на она што „мора да се види“ за сите љубители на крими жанрот. Првата сезона беше номинирана во дури седум категории на наградата БАФТА, а од нив Оливија Колман ја доби наградата за најдобра актерка, Дејвид Бредли беше награден за најдобра споредна улога, а Бродчрч беше прогласена за најдобра серија. Истовремено, серијата ја доби и наградата за најдобра музика.

 

Втората сезона беше снимена во најголема тајност, па дури ни новинарите немаа никакви информации сè до премиерата на првата епизода. Дејствието се случува седум месеци по настаните во првата сезона, а епизодите го следат отворањето на стар случај на Алек Харди, којшто го прогонува веќе неколку години, како и судењето за убиството на Даниел Латимер од првата сезона на серијата.

 

Третата сезона ги одушеви критиката и публиката и доби висока оценка 8,3 на IMDB и дури 98% на Rotten Tomatoes. Серијата постави висок стандард за сите идни полициски приказни, комбинирајќи општествено чувствителни теми со неизвесни мистерии.

 

Мини серијата Бродчрч следете ја од 19. април на каналот CineStar TV Action&Thriller, а точниот распоред за првата епизода можете да го најдете на веб страницата.