Популарната ТВ серија „Бош“ наскоро на Синестар ТВ Премиер 1

Првите шест сезони на серијата „Бош“, една од најпопуларните ТВ крими серии која е базирана на бестселерот на Мајкл Конели, ќе се емитуваат од 7. јуни 2021 година во 21 ч. на каналот Синестар ТВ Премиер 1.

 

 

Секое убиство раскажува приказна за својот град

 

 

Тајтус Веливер („Арго“, „Синови на анархијата“) го глуми Хари Бош, детектив за убиства од Лос Анџелес. Како и секој добар протагонист, Бош има проблем со авторитети. Тој го следи сопствениот инстинкт при што крши неколку правила, но го постигнува највисокиот процент на решени случаи во цела Калифорнија. За Бош нема исклучоци – или сите се важни или никој не е важен.

 

Серијата „Бош“ ги воодушеви критичарите и публиката, и доби високи оценки од 8,4 на IMDB и дури 97% на Rotten Tomatoes.

 

Првата сезона ги комбинира трите романи на Конели (Град од коски, Ехо парк и Бетонската русокоса). Откако едно куче наоѓа коска по прошетка на Холивуд Хилс, Хари открива дека станува збор за човечка коска. За време на истрагата тој се соочува со внатрешни превирања во полицијата, медиуми кои почнуваат да ја губат контролата, семејство разорено од насилство и со многу други проблеми. Тука е вткаена приказната од Ехо парк за серискиот убиец Рејнард Вејтс кој е обвинет за гнасни убиства. Тој ги признава убиствата за кои е обвинет, но и неколку други – вклучувајќи го и случајот со коските – за да избегне смртна казна. Кога оди да ги идентификува местата каде што ги закопал жртвите, Вејтс бега и повторно убива. Еленор, поранешната сопруга на Бош и некогашна брилијантна форензичка профајлерка, ќе му овозможи на Бош клучен пробив во случајот додека тој учествува во играта на мачка и глушец. За продлабочување на ликот на Хари Бош, романот Бетонската русокоса внесува дополнителна приказна. Бош е обвинет за незаконско пукање врз осомничениот сериски убиец, а судењето служи како основа за да се истражи минатото на Бош со што се навлегува во мотивацијата на неговиот лик.

 

Во втората сезона, Хари Бош се враќа на работа по суспензијата и презема случај што може да му стане најголемиот предизвик во кариерата. Новиот случај го засега и заменик шефот на полицијата Џорџ Ирвинг. За време на истрагата за телото пронајдено во багажникот на Малхоланд Драјв, Бош добива информации во врска со убиството на неговата мајка. Поради истрагата за Тони Ален, Бош заминува во Лас Вегас каде што повторната средба со неговата ќерка Меди му открива дека нешто не е во ред. Во меѓувреме, заменик шефот на полицијата се кандидира за градоначалник. ФБИ ѝ дава на Еленор понуда што таа не може да ја одбие, а Бош се состанува со шефот на мафијата во Вегас. Крајот на втората сезона ни носи експлозивна кулминација во врска со случајот на Тони Ален и убиството на мајката на Хари.

 

Третата сезона го носи случајот со убиството на ветеран бездомник. Грдата вистина за убиството на неговата мајка го направи детективот Хари Бош напнат и немирен. Долгогодишниот партнер на Хари, Едгар, открива дека Бош има замрсено минато со мртов човек. Поради сомнителни теории за виновникот и „обработката“ на доказите од страна на Едгар, Бош се судира со колегите кои се прашуваат дали е Бош ангелот одмаздник. Хари и неговите колеги се обидуваат да откријат кој се обидува да го намести. Додека Едгар се соочува со последиците од големата одлука, Бош сфаќа дека неговото минато уште долго нема да биде решено.

 

Во четвртата сезона, детективот Хари Бош сè уште се обидува да ја открие вистината зад ладнокрвното убиство на неговата мајка. Убиството на адвокатот го носи градот до работ, па Едгар ѝ се приклучува на работната група предводена од Бош, и иако му е тешко да ја одржува рамнотежата меѓу работата и семејството, Бош се обидува да го надомести изгубеното време со Меди. Холивудската станица ќе се најде под тактичка тревога, а работната група ќе се обиде да ја спаси истрагата. Бош ќе се најде во длабочините на подземјето на Лос Анџелес и ќе се соочи со сопственото минато.

 

Петтата сезона истражува нови докази што можат да срушат стар случај и да го загрозат сето она во што верува Бош. Во меѓувреме, во локална аптека се случува грабеж што завршува со убиство кое открива „опиумски прстен“ што го носи Бош на опасен пат. Барајќи врска со „фабриката за таблети“, Бош тргнува на тајна мисија, поради што Меди се бори со емотивните последици од работата на нејзиниот татко. Бош ги завршува незавршените работи, но во тој момент Ирвинг објавува нешто што може силно да го загрози одделот.

 

Во шестата сезона, Бош сè уште работи на случајот со убиството на Дејзи Клејтон, Едгар истражува корумпирани полицајци, Меди започнува нова пракса, а шефот Ирвинг започнува со кампањата за градоначалник. За време на истрагата, Бош и ФБИ почнуваат да се сомневаат во група граѓани во врска со радиоактивниот цезиум и убиството на Стенли Кент на езерото Холивуд. Меди наоѓа загадочен пропуст во транскриптот од судењето, а Бош и Едгар ја интензивираат потрагата по цезиум кога се појавува тело на бездомник прекриено со изгореници од радиоактивно зрачење. Работејќи да го затворат случајот на убиство на федерален доушник, Бош и Едгар откриваат нова трага. Ирвинг и Меди носат важни одлуки за својата иднина, додека Бош и Едгар се соочуваат со избор: Да се пуштат работите или да се преземат во свои раце.

 

Гледајте ја ТВ серијата „Бош“ од 7 јуни на каналот CineStar TV Premiere 1, а точниот распоред на првата сезона може да го најдете на веб-страницата: https://cinestartvchannels.rs/film-serija/bos-i-ep-1/