УШТЕ ПОВЕЌЕ НОВИ ФИЛМОВИ КОИ ЕДВАЈ ЧЕКАМЕ ДА ГИ ГЛЕДАМЕ НА КАНАЛИТЕ СИНЕСТАР ТВ ПРЕМИЕР

Погледнете кои возбудливи филмски ТВ премиери нè очекуваат на каналите Синестар ТВ Премиер 1 и Синестар ТВ Премиер 2

 

 

Веќе се навикнавме CineStar TV Premiere да ни носи најнови хит филмови. Без разлика дали сакате семејни филмови, драми инспирирани од вистинити настани, акции или напнати мрачни филмови, на CineStar TV Premiere 1 и CineStar TV Premiere 2 ќе најдете филм токму по ваш вкус.

Во продолжение погледнете дел од најинтересните остварувања што ќе бидат на програмата во наредниот период.

 

ТАЈНАТА ГРАДИНА – Отклучи ја својата имагинација и откриј го местото каде што живее магијата. Од продуцентите на филмовите Хари Потер и Мечето Падингтон ни доаѓа ТВ премиера која крие многу тајни. Оскаровецот Колин Фирт и номинираната за Оскар Џули Волтерс, заедно со Дикси Егерикс се дел од оваа прекрасна приказна.

 

Продуцентите на големите хитови како Сикарио и Џон Вик ни носат крими драма со Џоел Кинаман, Розамунд Пајк, Комон и Клајв Овен во главните улоги. Среде моќ, корупција и одмазда – кој е ДОУШНИК?

 

По авантурите и акциите, време е за враќање во минатото. Нејзините откритија ја променија историјата. Гледајте ја неверојатната Розамунд Пајк во улога на научничката Марија Кири, првата жена добитничка на Нобеловата награда, во ТВ премиерата РАДИОАКТИВНА.

 

Сетете се: кога последен пат сте си ја тестирале храброста, цели и упорност? Акциската легенда Џерард Батлер е Џон Герити, обичен човек што си го сака семејството кое мора да го заштити од глобалната апокалипса. Борбата за опстанок почнува, а единствената шанса за преживување е ГРЕНЛАНД: ПОСЛЕДНОТО ПРИБЕЖИШТЕ.

 

СЛАВЕЈОТ – Австралија, 1825. година. Младата ирска осуденичка Клер (Ешлинг Франчози) отслужува седумгодишна казна и очајнички сака да се ослободи од својот насилен господар, поручникот Хокинс, кој одбива да ја ослободи од обвинението и кој извршува ужасен чин на насилство врз нејзиното семејство. Не можејќи да обезбеди правда од британските власти, таа ги презема нештата во свои раце. ТВ премиерата во која главен збор има одмаздата, никого нема да остави рамнодушен.