Тим Рот се враќа на малите екрани: не пропуштајте ја Метална ѕвезда на CineStar TV 1!

Освен во филмовите на Тарантино, кога последен пат сте го виделе Тим Рот? На телевизија сте можеле да го гледате во серијата „Лажи ме“, по која изјави дека не сака веќе да игра во телевизиски серии. Но „Метална ѕвезда“ (Tin Star) е серијата чиешто сценарио го натера да си го погази сопствениот збор. Метална ѕвезда можете да ја гледате од 9. ноември во вечерниот термин на CineStar TV 1.

 

„Метална ѕвезда“ е возбудлива драма за британскиот детектив и лекуван алкохоличар, кој со своето семејство решава да се пресели во Канада, во идиличното место Литл Биг Бер. Таму станува нов шеф на полицијата и тука почнува борбата против организираниот криминал. Освен што се бори со новите неволји, набргу го стасува и мрачното минато кое го повлекува назад кон дното.

 

Освен Тим Рот, во серијата се појавува и Кристина Хендрикс која ја толкува улогата на негативка и главна провокаторка. Самата серија го има најдобриот саундтрак во последните неколку години, а сцените се снимени кинематографски, што оддава впечаток дека гледате ноар трилер.

 

Првата сезона на „Метална ѕвезда“ гледајте ја од 9. ноември, од понеделник до четврток во вечерниот термин на CineStar TV 1 и не заборавајте – одмаздата доаѓа со цена. Целосниот распоред на програмата на CineStar TV 1 и другите канали во рамките на групацијата CineStar TV Channels погледнете ја на веб-страницата.