ВОЛКОТ ОД ВОЛСТРИТ ЈА ОТВОРА ТВ-РЕВИЈАТА ОСКАР НА КАНАЛИТЕ CINESTAR TV PREMIERE

Врв на филмската сезона секоја година е доделувањето на наградите на Американската академија за филмски уметности и науки, попознати како Оскар, кое се одржува од 1929 година и се вбројува во најпрестижните настани во светот. Трката за ова единствено признание наесен ги добива првите фаворити, но сите претпоставки исчезнаа на 15 јануари кога службено беа објавени номинациите за Златната статуетка. Каналите CineStar TV Premiere дополнително ќе ја загреат оскаровската атмосфера во текот на февруари со прикажување сопствена ТВ-ревија Оскар. Пред самото доделување на Оскарите, закажано за 22.02, CineStar TV Premiere 1 секоја недела во февруари од 20:00 часот ќе ги емитува следниве оскаровски ремек-дела: Волкот од Волстрит (01.02.), Август во округот Осејџ (08.02.), Во главата на Луин Дејвис (15.02.) и 12 години ропство (22.02.), со кој и завршува неделната ТВ-ревија Оскар на каналите CineStar TV Premiere. ВОЛКОТ ОД ВОЛСТРИТ,  01.02. THE WOLF OF WALL STREET Филмот за кој сите зборуваат, филмот што ги одушеви и критичарите и публиката секаде во светот, филмот што е оценет како најдобра досегашна соработка на генијалниот Мартин Скорсезе и ништо помалку сензационалниот Леонардо Ди Каприо, Волкот од Волстрит, македонската ТВ-премиера ќе ја има в недела на 1 февруари во 20:00 часот на каналот CineStar TV Premiere 1. Фантастичната изведба на Ди Каприо на Џордан Белфорт, берзански мешетар чиј подем, неверојатниот ексцентричен животен стил, но и вртоглавиот пад беа главна тема во медиумите целата мината година, ја потпомагаат еднакво сјајните споредни актери предводени од Метју Меконахи, Џона Хил и Маргот Роби. АВГУСТ ВО ОКРУГОТ ОСЕЈЏ, 08.02. AUGUST: OSAGE COUNTY Август во округот Осејџ е мрачна, духовита и трогателна приказна за силните жени во семејството Вестон коишто семејната криза повторно ги носи во родителската куќа во која израснале и кај дисфункционалната жена што ги исчувала. Филмот е снимен според истоимената претстава на Трејси Летс, закитена со Пулицерова награда и наградена со пет награди Тони во 2008 година, вклучувајќи ја и онаа за најдобра претстава. Ѕвездената актерска постава ја сочинуваат: Мерил Стрип, Џулија Робертс, Јуан Мекгрегор, Крис Купер, Ебигејл Бреслин, Бенедикт Камбербеч, Џулиет Луис. Гледајте го Август во округот Осејџ на 8 февруари во 20:00 часот на CineStar TV Premiere 1. ВО ГЛАВАТА НА ЛУИН ДЕЈВИС, 15.02. InsideLlewyn Браќата Џоел и Итан Коен во еден од своите најдобри филмови нè запознаваат со една недела во животот на младиот фолк-пејач којшто се обидува да успее на сцената во Гринич Вилиџ во 1961 година. Луин Дејвис (Оскар Ајзек) со гитара в рака се соочува со њујоршката студена зима и со низа навидум непремостливи препреки, дел од кои и самиот ги создава. Му помагаат пријатели и странци, а преживува од она што ќе го најде, со надеж дека ќе успее на аудицијата пред влијателен музички продуцент. Музиката која нè води во некое друго време ја изведуваат Оскар Ајзек, Џастин Тимберлејк и Кери Малиган, како и Маркус Мамфорд и Панч Брадерс. Во главата на Луин Дејвис се прикажува на CineStar TV Premiere 1 в недела на 15 февруари во 20:00 часот. 12 ГОДИНИ РОПСТВО, 22.02. 12 years a slave На минатогодишното доделување на најпрестижните филмски награди 12 години ропство се закити со три Оскари: освои награда за најдобар филм, а Златна статуетка освоија и сценаристот Џон Ридли, за адаптацијата на романот на Соломон Нортап, и новата миленичка на критиката и публиката Лупита Нионго за најдобра споредна женска улога. 12 години ропство се заснова на вистинската животна приказна на слободен Американец со црна боја на кожата кој откако бил грабнат и претворен во роб, минал повеќе од една деценија во борба за слобода и достоинство. Во филмот во главните улоги настапуваат: Чиветел Еџиофор, Михаил Фасбендер, Двајт Хенри, Бенедикт Камбербеч и Бред Пит. Погледнете го исто така во 20:00 часот. Во пресрет на годинешното доделување Оскар, гледајте ги филмските ремек-дела во текот на февруари во рамките на ТВ-ревијата Оскар на каналите CineStar TV Premierе! Каналот CineStar TV Premiere 1 е ексклузивно достапен во понудата на BOOM TV!