НОВИ СЕЗОНИ НА БАНДАТА ОД БИРМИНГЕМ НА КАНАЛОТ CINESTAR TV PREMIERE 1

Од 7. декември на каналот CineStar TV Premiere 1 не пропуштајте го премиерното прикажување на четвртата и петтата сезона на Бандата од Бирмингем, познатиот епски серијал сместен во криминалното подземје на Бирмингем.

 

Бандата од Бирмингем е гангстерска драма сместена во почетокот на дваесетите години од минатиот век. Иако изобилува со костими, Бандата од Бирмингем не е уште една во низата сапунски историски драми. За почеток, серијата е сместена во Бирмингем, град којшто и покрај своето индустриско минато, ретко е предмет на телевизиска фикција. Критиката и гледачите ја нарекоа серијата своевидна бирмингемска верзија на Сопранови.

 

Серијалот ја раскажува приказната за Томас Шелби и неговото семејство, коишто ја предводат моќната банда. Името го добиле по обичајот да вшиваат жилети во рабовите на своите капи, а парите ги заработуваат од илегално обложување, пружање заштита и црн пазар. Дејството на серијата е сместено во неизвесен период од британската историја, кога земјата ја потресуваат последиците од Првата светска војна, а во четвртата и петтата сезона добиваме увид и во периодот пред Втората светска војна, кога во воздухот виси необичното чувство на исчекување на најлошото. На завидната актерска екипа од претходните сезони, со истакнатите Сем Нил, Килијан Марфи, Пол Андерсон, Том Харди, Хелен Мекрори, во четвртата и петтата сезона ѝ се придружуваат Адријан Броди, Ања Тејлор-Џој, Ендрју Коџи и Сем Клафлин.

 

Сценаристот Стивен Најт тврди дека серијата делумно се заснова на вистинити настани, а делумно на семејна легенда: „Тоа е фикција вткаена во фактичко опкружување. Мојот татко од својата деветта или десетта година имаше возбудливи спомени за тие луѓе. Биле неверојатно добро облечени и моќни и имале многу пари во крајот во кој никој немал пари. Биле гангстери.“

 

Од сезона во сезона Бандата од Бирмингем ги исполнува очекувањата и изненадува со својата приказна и со креативноста. Томас Шелби, надалеку познат по својата репутација, и во овие сезони ќе најде противник. Како и во секоја претходна, Томи ќе треба да ја брани својата позиција и своето семејство. Бројот на непријатели расте и Томи ќе се најде на работ на сопствените способности. Предавствата, тактизирањата, убиствата и одот по работ на нервите се веќе секојдневие за главните ликови во серијата. Влоговите се поголеми, а со тоа и судирите. Незгасливата амбиција на царството Шелби непрестајно ги турка понатаму и го креира препознатливиот стил поради кој го достигнаа култниот статус.

 

Од 7. декември, од понеделник до четврток, каналот CineStar TV Premiere 1 станува нов дом на Бандата од Бирмингем. По успешното емитување на првите три сезони, каналот CineStar TV Premiere 1 верува дека и четвртата и петтата сезона ќе предизвикаат голем интерес кај гледачите. Новите сезони ја задржуваат напнатоста и бруталноста на животот којшто никој од нас не би сакал да го живее, но и натаму сме од него фасцинирани.

 

За повеќе филмски содржини, следете го секојдневно распоредот на емитување на веб-страницата на каналот во рубриката РАСПОРЕД, како и на социјалните мрежи FACEBOOK и INSTAGRAM.